Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

  • Што е ЛИЗБЕК?

    Лизбек е услуга која ја овозможува Оне Лизинг за автомобил кој е во ваша сопственост пред да настане склучување на договорот за лизинг, односно Вие го продавате Вашиот автомобил на Оне Лизинг а потоа за истиот склучувате договор за финансиски лизинг во кој Вие се јавувате во својство на корисник на возилото.

  • Кој може да аплицира за ЛИЗБЕК?

    За Лизбек услугата може да аплицираат физички лица на возраст од 21-70 години како и правни лица кои ги исполнуваат условите за финансирање согласно политиката на Оне Лизинг.

  • Која е разликата помеѓу Лизинг и Лизбек?

    Разликата помеѓу Лизинг и Лизбек е во тоа што преку услугата Лизбек Вие го продавате Вашето возило на Оне Лизинг, а потоа станувате корисник на истото, додека при услугата Лизинг, Вие одбирате возило од понудата коешто Оне Лизинг го откупува, а Вие станувате корисник на истото по договор за финансиски лизинг.

  • Колкав е износот за финасирање преку услугата ЛИЗБЕК?

    Износот за финансирање преку услугата Лизбек е:

    60.000 – 600.000 денари за физички лица

    60.000 – 1.000.000 денари за правни лица

Top