Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

  • Кои се условите за купување на возило на рати преку лизинг?

    За купување на возило на рати преку лизинг, потребно е учество од минимум 20% од цената на возилото, треба да сте во редовен работен однос најмалку 3 месеци и да имате валидна лична карта. Погледнете ја понудата на возила на следниот линк: https://www.oneleasing.mk/ и контактирајте не на 022775555

  • До кој износ и на колку рати финансирате купување на возило преку лизинг?

    Финансираме до 1.000.000 и со можност на отплата од 12 до 72 месеци.

  • Дали можам да купам возило на рати преку лизинг од друг авто плац покрај Оне Ауто?

    Да, можете да купите возило од авто плац со којшто ние имаме склучено соработка. Контактирајте не на 022775555 да добиете информација за нашите соработници.

  • Колку се трошоците за купување на возило преку лизинг?

    Износот на рата или трошоците за лизинг зависи од висината на учеството и Вашите месечни примања. За да добиете понуда потребно е да поднесете апликација преку нашата веб страна за конкретното возило. За подетални информации контактирајте не на 022775555.

  • Кои надоместоци и провизии ги содржи Вашата понуда?

    - Месечен надомест за лизинг- 1,5%–2,1%
    - Трошок за одобрување - 1%
    - Дневна провизија за задоцнета уплата - 0,38% + ДДВ
    - Провизија за предвремена отплата (од преостанатата главница) по истек на 12 месеци - 5% + ДДВ  
    - Писмо за опомена на клиенти во задоцнување - Прва опомена 300 МКД, втора и секоја наредна опомена 615 МКД
    - Провизија за раскинување на договор – 5 % од преостанатата главница + ДДВ

  • Кои документи се задолжителни при аплицирање за лизинг?

    Задолжителни документи за достава при пополнување на апликација за лизинг се:

    • Лична карта или пасош
    • Извод од трансакциска сметка за последни три месечни примања
    • Режиска сметка (за потврда на изјавена моментална адреса на живеење)
    • Сообраќајна дозвола или хомологација (доколку возилото го купувате од лице коешто не е наш соработник)
  • Што е ЛИЗБЕК?

    Лизбек е услуга која ја овозможува Оне Лизинг за автомобил кој е во ваша сопственост пред да настане склучување на договорот за лизинг, односно Вие го продавате Вашиот автомобил на Оне Лизинг а потоа за истиот склучувате договор за финансиски лизинг во кој Вие се јавувате во својство на корисник на возилото.

  • Кој може да аплицира за ЛИЗБЕК?

    За Лизбек услугата може да аплицираат физички лица на возраст од 21-70 години како и правни лица кои ги исполнуваат условите за финансирање согласно политиката на Оне Лизинг.

  • Која е разликата помеѓу Лизинг и Лизбек?

    Разликата помеѓу Лизинг и Лизбек е во тоа што преку услугата Лизбек Вие го продавате Вашето возило на Оне Лизинг, а потоа станувате корисник на истото, додека при услугата Лизинг, Вие одбирате возило од понудата коешто Оне Лизинг го откупува, а Вие станувате корисник на истото по договор за финансиски лизинг.

  • Колкав е износот за финасирање преку услугата ЛИЗБЕК?

    Износот за финансирање преку услугата Лизбек е:

    60.000 – 600.000 денари за физички лица

    60.000 – 1.000.000 денари за правни лица

Top